Mustafa Deveci
27 Јуни 2019•Ажурирај: 28 Јуни 2019
ЕРУСАЛИМ (АА) - Израелските сили притворија 11 Палестинци на окупираниот Западен Брег, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според писменото соопштение од израелската армија, 11 Палестинци се притворени поради наводна „вмешаност во терористички дејствија“ во текот на ноќните рации на различни делови на Западниот Брег.
Во соопштението, исто така се наведува дека Палестинците биле префрлени во притворниот центар во регионот.
Израелските сили кои под окупација ги држат Западниот Брег и Источен Ерусалим (Кудс), речиси секојдневно спроведуваат рации и под најразлични изговори приведуваат Палестинци.
Некои од Палестинците, вклучувајќи ги и жените и децата, се чуваат со денови во центрите за притвор по приведувањето, што стана вообичаена практика во Западниот Брег и Источен Ерусалим.
Според палестинските официјални податоци, во израелските затвори се наоѓаат вкупно 5.700 Палестинци, од кои 500 се административни затвореници и 230 деца.
Израел, со практиката наречена „административно притворање“, во зависност од разузнавачките информации, може да приведува Палестинци и да ги држи во притвор од 1 до 6 месеци.
Ако притвореникот се смета за „опасност по безбедноста на Израел“, воениот судија може да му го продолжи времетраењето на притворот до 5 години.