Qais Omar Darwesh Omar,Muhammed Emin Canik
18 Јануари 2023•Ажурирај: 19 Јануари 2023
РАМАЛА (АА) - Израелските сили срушија две куќи на Палестинците во окупираниот Западен Брег со образложение дека се „без дозвола“, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според информациите добиени од локалните извори, израелските војници во придружба на булдожери извршиле рација во местото Чифлик во градот Ериха кој се наоѓа во Западниот Брег.
Израелските сили во ова подрачје срушија две куќи на Палестинците Ахмед Ебу Фела и Сууд ел Каабине, со образложение дека се без дозвола.
Куќите срушени од страна на израелските сили се наоѓале во Зоната Ц на Западниот Брег.
Во рамки на Вториот договор од Осло, потпишан во 1995 година меѓу Палестина и Администрацијата на Израел, Западниот Брег беше поделен во три зони, А, Б и Ц.
Според тоа, Палестина управува со Зоната А (18 отсто од Западниот Брег) од административен и безбедносен аспект; исто така, управува со Зоната Б (21 отсто од Западниот Брег) само од административен аспект, додека Израел управува со безбедноста.
Израел ја има целата управа во Зоната Ц (61 отсто од Западниот Брег), како од административен, така и од безбедносен аспект.