Esat Fırat
24 Мај 2021•Ажурирај: 25 Мај 2021
КУДС
Израелската полиција уби Палестинец кој се товари за обид на напад со нож во окупираниот Источен Кудс (Источен Ерусалим), јавува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението на израелската полиција се наведува дека Палестинецот се обидел со нож да ги нападне Израелците во близина на полициската станица во Источен Кудс.
„Отворен е оган и извршителот на тој чин е неутрализиран“, се наведува во соопштението, без откривање на повеќе детали за настанот.
Паралелно со тоа, израелската итна служба на Црвената Sвезда на Давид соопшти дека во нападот со нож се повредени двајца Израелци, меѓу кои едно животно загрозено.
Израелскиот јавен емитер КАН јавува дека израелската полиција отворила оган и дека го убила Палестинецот.
Локалните медиуми јавуваат дека меѓу повредените Израелци и еден израелски војник.
Израелските сили продолжуваат со отворање на оган на Палестинците кои се товарат за обид на напад со нож или обиди за напади со автомобили, а меѓународните организации за заштита на човековите права го обвинуваат Израел дека спроведува егзекуција на Палестинците без спроведување на правна постапка.