Mehmet Nuri Uçar
30 Декември 2023•Ажурирај: 31 Декември 2023
ГАЗА (АА) - Голем број Палестинци се убиени, а десетици се ранети во нападите на израелската војска врз различни точки во блокираниот Појас Газа во текот на ноќта, известува Анадолу.
Според вестите објавени од страна на палестинската агенција ВАФА, Израел цела ноќ спроведувал воздушни, копнени и поморски напади на Појасот Газа.
Има загинати и ранети во израелските напади на бегалскиот камп Нусеират сместен во централниот дел на Појасот Газа.
- Бомбардирани и бегалски кампови
Во интензивните гранатирања на градот Рафа од страна на израелската артилерија, животот го загубија многу Палестинци, вклучувајќи и жени и деца, а има и голем број повредени.
Додека израелските воени бродови ги гранатираа централниот и јужниот брег на Појасот Газа со тешка артилерија, централниот дел на Појасот Газа, особено бегалскиот камп Бурајж, беше тешко бомбардиран и гранатиран од воздух и од копно.
Тенковите на израелската војска исто така го гранатираа бегалскиот камп Џабалија во северниот дел на Појасот Газа.
Воени авиони во повеќе наврати изведуваа жестоки бобмардирања на Хан Јунис на југот на Појасот Газа. Во нападите има мртви и повредени.
- Израелска окупација на Газа по 7 октомври
Израел започна немилосрдни воздушни и копнени напади на Појасот Газа со неселективно бомбардирање на цивилни населби, станбени објекти, џамии, цркви и болници по неочекуваниот напад од страна Бригадите Ал-Касам, вооруженото крило на Хамас на 7 октомври како одговор на континуираните прекршувања на правата на Палестинците и светите вредности, особено џамијата Ал Акса.
На 24 ноември, во 07:00 часот по локално време, стапи на сила четиридневната хуманитарна пауза договорена меѓу Хамас и Израел, која потоа беше продолжена за уште три дена.
За време на „хуманитарната пауза“ меѓусебно беа разменети 81 израелски заробеник и 240 палестински затвореници. Во исто време, Израел продолжи да приведува и затвора илјадници Палестинци на Западниот брег.
На 1 декември, по завршувањето на хуманитарната пауза, израелската војска продолжи со интензивните напади низ Појасот Газа.
Од почетокот на израелските напади на Појасот Газа на 7 октомври досега се убиени најмалку 21.507 Палестинци, главно жени и деца, а ранети се повеќе од 55.915 лица, објавија здравствените власти на палестинската енклава.
Од убиените најмалку 8.800 се деца, a над 6.300 се жени. Додека се вели дека илјадници Палестинци се мртви под урнатините, цивилната инфраструктура се уништува со таргетирање на болници и образовни институции каде што луѓето се засолнуваат.
Во исто време, околу 2 милиони луѓе се раселени во густо населената палестинска енклава поради недостатокот на храна и чиста вода.
318 Палестинци ги загубија животите во нападите на израелските сили и илегалните еврејски доселеници на окупираниот Западен Брег и во Ерусалим.
Судири има и меѓу израелската армија и Хезболах на границата со Либан, кои започнаа на 8 октомври. Досега во меѓусебните судири животот го загубија 28 либански цивили, 129 членови на Хезболах, 5 израелски цивили и 9 израелски војници.
Во заробеништво сѐ уште се наоѓаат 130 Израелци. Официјалната бројка на загинати во Израел изнесува 1.200, а 5.132 се повредени, но, според зборовите на пилот на Израелските вооружени сили, можно е дел од загинатите Израелци да се жртва на примената на „Ханибаловиот протокол“ од страна на израелската војска.
„Ханибалова директива“ или „Ханибалов протокол“ е контроверзна процедура што ја користат израелските одбранбени сили (ИДФ) со цел да се спречи киднапирање на израелските војници од страна на непријателските сили. Според оваа директива, „киднапирањето мора да се запре со сите средства, дури и по цена на напад и елиминирање на киднапираните“. Овој протокол од страна на Израел е воведен во 1986 година.