Adem Şalvarcıoğlu
05 Јули 2018•Ажурирај: 06 Јули 2018
АНКАРА (АА) - Британскиот весник „Индепендент" (Independent), објави дека терористичката организација ЈПГ/ПКК која го користи името СДГ, во вистинска смисла не води борба против ДЕАШ, пренесува Anadolu Agency (AA).
„СДГ поддржан од страна на САД, се обвинува со тоа што на вистинска смисла не војува со ДЕАШ со цел да не ја губи меѓународната поддршка“, се вели во веста на овој весник.
Во оваа вест се тврди дека ДЕАШ за кој се мисли дека е целосно соборен, во моментот ситуацијата во Сирија ја претворил во можност. Според оваа вест, ДЕАШ стои зад четирите бомбашки напади изршени во последниот месец во Рака.
Исто така, во веста пишува дека ДЕАШ ја презела контролата врз подрачјата како Сувејдан и Казмур кои се наоѓаат на граничната зона меѓу Сирија и Ирак.
Според оваа вест, во Сирија и Ирак сеуште се наоѓаат меѓу 8 и 10 илјади припадници на ДЕАШ, додека оваа бројка е 10 пати поголема од бројката која остана откако силите на САД се повлекоа од Ирак во 2011 година.
Во веста се наведува дека се добиени информации дека во нападот извршен од страна на силите на Русија и Сирија е убиен Худхајфах ел-Бадри, син на лидерот на ДЕАШ,Ебу Бекир ел-Багдади, и дека Багдади е сеуште жив, како и дека повторно се позиционирани во местата од каде се повлекоа милитантите на ДЕАШ.
„Земјите од западот на нас постојано ни раскажуваа како ДЕАШ е поразен, но ние кои сме на терен, можеме да видиме дека состојбата не е таква. Сега ДЕАШ е повторно тука, и се зајакнува“, истакна во изјава за овој весник Сами Абдулах Абдо, сирискиот опозициски командант.