Ekip
28 Септември 2018•Ажурирај: 29 Септември 2018
АНКАРА (АА) - Иранскиот министер за надворешни работи, Џавад Зариф, денес ги негираше тврдењата на израелскиот премиер дека Техеран има сокриен нуклеарен објект, јавува Anadolu Agency (AA).
„Ниту една уметничка претстава не може да го прикрие фактот дека Израел е единствената земја во нашиот регион што има сокриена нуклеарна вооружена програма, вклучувајќи и атомско вооружување. Дојде време Израел да признае дека има нелегална нуклеарна вооружена програма и да им дозволи на меѓународните истражители да спроведат истрага“, напиша Зариф на социјалната мрежа Твитер, како одговор на тврдењата на израелскиот премиер, Нетанјаху.
Израелскиот премиер, Бенјамин Нетанјаху, вчера тврдеше дека Иран има втор нуклеарен објект за својата програма за нуклеарно оружје.
„Иран има друг сокриен објект во Техеран, таен атомски магацин за складирање голема количина опрема и материјал од иранската тајна програма за нуклеарно оружје“, изјави Нетанјаху пред Генералното собрание на ОН во Њујорк.
Тој ја повика Меѓународната агенција за атомска енергија (IAEA) да го истражи тоа место, велејќи дека Иран веќе има 15 килограми нуклеарен материјал и го разнесува низ Техеран, каде што го крие.