Serdar Dincel
12 Мај 2026•Ажурирај: 12 Мај 2026
Иран денес предупреди дека еден од неговите одговори би можел да биде збогатување на ураниум до 90 % во случај на нова офанзива од страна на САД и Израел на неговата територија, јавува Анадолу.
„Тоа ќе го разгледаме во Парламентот“, објави Ебрахим Резаи, портпарол на Комисијата за надворешна политика и национална безбедност на иранскиот Парламент, во објава на американската компанија за социјални медиуми Х.
Тој ги даде овие изјави во време кога регионалните тензии ескалираа откако САД и Израел извршија напади врз Иран на 28 февруари, што предизвика одмазда од Техеран кон Израел, како и кон сојузниците на САД во Персискиот Залив, заедно со затворање на Ормускиот Теснец.
Прекинот на огнот стапи на сила на 8 април преку пакистанско посредување, но преговорите во Исламабад не успеаја да доведат до траен договор. Прекинот на огнот подоцна беше продолжен од американскиот претседател Доналд Трамп без утврден рок.
Иран во неделата му го испрати на Пакистан својот одговор на предлогот на САД за ставање крај на војната, но Трамп го отфрли како „целосно неприфатлив“.