Mohammad Sio
23 Јуни 2026•Ажурирано: 23 Јуни 2026
Иран утринава објави дека завршиле техничките преговори со САД во Бургеншток, Швајцарија, како дел од преговорите со посредување на Катар и Пакистан, кои имаат за цел ставање крај на американско-израелско-иранската војна, пренесува Анадолу.
Заменик-министерот за надворешни работи, Казем Гарибабади, кој го предводеше иранскиот технички преговарачки тим, изјави дека четирипартитните разговори завршиле со договор за аранжманите за идните преговори, вклучително и за работните групи и механизмите за имплементација, јави официјалната иранска новинска агенција ИРНА.
Гарибабади рече дека дискусиите следувале по состанокот на Комитетот на високо ниво што се одржа во неделата за да се следи имплементацијата на Меморандумот за разбирање од Исламабад – рамковен договор за ставање крај на војната што го потпишаа претседателите на САД и Иран на 17 јуни – што продолжи и вчера.
„Се водеа технички разговори за да се утврдат механизмите за спроведување на Меморандумот и на заедничката изјава од состанокот на високо ниво, при што се постигнаа потребните согласности“, изјави тој.