Mustafa Melih Ahıshalı
30 Јануари 2018•Ажурирај: 30 Јануари 2018
ИСТАНБУЛ (АА) - Иранскиот врховен лидер, Али Хаменеи, тврди дека Соединетите Американски Држави (САД) ја преместуваат терористичката организација ДЕАШ во Авганистан, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според државната иранска новинска агенција ИРНА, Хаменеи во неговиот говор во иранскиот главен град, Техеран, тврди дека САД стојат зад нападите извршени последните денови во Авганистан, во коишто загинаа стотици лица.
Хаменеи вели дека ДЕАШ, кој е неутрализиран во Сирија и Ирак, од страна на САД е пренасочен кон Авганистан.
„Преместувајќи го ДЕАШ во Авганистан, САД се обидуваат да создадат изговор за нивното присуство и да обезбедат безбедност за Израел“, рече Хаменеи.
Иранскиот лидер истакна дека мета на терористичките организации што ги поддржува САД се цивилите, без разлика дали се сунити или шиити, и додаде дека админстрацијата на Вашингтон се обидува да ги раскара земјите од регионот, за да се заборави на Израел.
Во нападите извршени во последниот месец во Авганистан од страна на талибанците и ДЕАШ, животот го загубија 282 лица, претежно цивили, додека повредени се над 500 лица.