Aslı Aral
13 Декември 2015•Ажурирај: 14 Декември 2015
ЛОНДОН (АА) - По 14 години страдање во затворот Гвантанамо, неодамна, од тој злогласен затвор, е ослободен затвореникот Шакир Амер, вели дека започнал нов живот и дека повторно учи како е да се биде татко и сопруг, јавува Anadolu Agencyy (AA).
Британскиот весник „Mail on Sunday“ во денешното издание објави емотивна приказна за 48-годишниот Амер, со потекло од Саудиска Арабија, кој легално живее во Велика Британија.
Истакнувајќи како во текот на 14-годишниот притвор во Гвантанамо, бил жртва на свирепа тортура, Амер кажа дека во тој период бил испитуван најмалку 200 пати. Раскажа како секојдневно бил физички малтретиран од чуварите кои го присилувале да признае со која радикална група соработувал во Велика Британија.
- Мачење и изгладнување -
„Безброј пати сум претепуван, мачен со глад, држен во ладни простории каде не ми дозволуваа да спијам. Сето страдање кое го поминав исчезна кога на вратата ја видов сопругата Зинера. тоа беше момент и призор кој го сонував 14 години. само силно ја прегрнав и долго плачевме“, рече Амер, ослободениот затвореник од Гвантанамо.
Нагласувајќи дека има четири деца и дека најмалото не го има видено сè до излегувањето од затвор, Амер изјави дека повторно учи да живее нормален живот и како изгледа да се биде татко.
Осврнувајќи се на актуелните терористички прашања и претходни напади во Велика Британија, Амер рече дека невините луѓе, жените, децата не смеат да се убиваат ниту во војна, а камо ли во мир и не треба да се напаѓа земјата која на тие исти напаѓачи им дала дозвола за престој.
„Ако сте лути на Велика Британија, одете си од оваа земја“, порача Амер на припадниците на радикалните групи кои делуваат во таа земја.
Амер рече дека ќе покрене судска постапка за наплата на оштета за душевна болка нанесена од страна на британската влада и тамошните медиуми во текот на неговиот, како што тврди, неосновано затворање во Гвантанамо.
- Осум години ја чека слободата -
Амер непосредно по терористичките напади во Њујорк, на 11 септември 2001 година, е уапсен под сомнение дека соработувал со терористите во Авганистан. Обвинението против него е отфрлено во 2007 година, но ослободувањето го чекал осум години. Тој во текот на постапката потврдил дека во 2001 година патувал во Авганистан поради приватни работи, но дека нема врска со терористите.
Ослободен е во октомври од Гвантанамо, во кој бил познат како последниот „Британец“, бидејќи е оженет со британска државјанка.
Затворот во американската воена база во заливот Гвантанамо е отворен во почетокот на 2012 година, кога тогашниот американски претседател Џорџ Буш му прогласи војна на глобалниот тероризам. Неговиот наследник Барак Обама, во текот на предизборната кампања во 2008 година најави затворање на тој затвор, но тоа досега не е сторено. Во затворскиот комплекс во Гвантанамо има уште 107 затвореници кои се товарат а соработка со терористите.