Mehmet Alaca
14 Декември 2021•Ажурирај: 15 Декември 2021
АНКАРА
Истражувачите открија дека океаните во древните времиња можно е да биле многу посолени од денес, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според истражувањето објавено на „Proceedings of the National Academy of Science“, се претпоставува оти во првите 500 милиони години од формирањето на Земјата, нивото на сол во океаните било 7,5 отсто, додека ова ниво денес е околу 2,5 отсто.
Во истражувањето се наведува дека океаните во древните времиња можно е да биле многу посолени од денес.
Се истакнува дека научниците сакаат да измерат колку стабилни халогени постојат во светот.
Халогените се состојат од флуор, хром, бром и јод, што во реакција со метали произведуваат сол.
Исто така, халогените излегуваат на преден план како важен елемент во дел од најосновните процеси во врска со формирањето на Земјата.
Се вели дека халогените играат суштинска улога во основната природа на океаните.