Esra Tekin
30 Октомври 2025•Ажурирај: 31 Октомври 2025
ИСТАНБУЛ (АА) - Германскиот канцелар Фридрих Мерц денес изјави дека Берлин сака да ја види Анкара во Европската Унија (ЕУ), истакнувајќи ја улогата на Турција во надворешната политика, јавува Анадолу.
„Турција е многу важен актер во сите прашања од надворешната политика и безбедноста што нè засегаат“, рече Мерц, кој ја посети Турција за првпат како канцелар, на прес-конференцијата со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во главниот град Анкара.
Тој нагласи дека Германија ќе продолжи со поблиска соработка со Турција во безбедносната политика.