Караѓоз: „Туркије ѝ дава приоритет на енергетската безбедност и се стреми кон енергетска независност“
- Караѓоз им се обрати на учесниците на главната сесија на енергетскиот форум во Истанбул, организиран од страна на Анадолу и под покровителство на ресорното министерство на Туркије.
ИСТАНБУЛ (АА) – Генералниот директор и претседател на Управниот одбор на Агенција Анадолу, Сердар Караѓоз, рече дека Туркије усвојува пристап кој ѝ дава приоритет на енергетската безбедност стремејќи се кон воспоставување сопствена енергетска независност, известува Анадолу.
Караѓоз им се обрати на учесниците на главната сесија „Заедничка иднина, заеднички цели“ на енергетскиот форум во Истанбул, организиран од страна на Анадолу и под покровителство на ресорното министерство за енергетика и природни ресурси на Туркије.
Тој нагласи дека Туркије, под водство на нејзиниот претседател Реџеп Таип Ердоган, спроведува политика чија цел е енергетска независност.
„Туркије исто така усвојува пристап кој ѝ дава приоритет на енергетската безбедност преку политички потези насочени кон меѓународниот мир и стабилност. Се надевам дека нашиот форум, на кој учествуваат најважните актери во енергетскиот сектор, како од Туркије, така и од светот, ќе придонесат за целта Истанбул да стане енергетски центар“, рече Караѓоз.
Тој рече дека меѓународната сцена доживува геополитички тензии и жестоки борби како никогаш досега по Втората светска војна, истакнувајќи дека тензиите се зголемуваат со секој изминат ден.
Караѓоз истакна дека во оваа тензична политичка атмосфера енергијата станала алатка во меѓународната борба за моќ и дека во такви околности важноста на енергетското новинарство расте секојдневно.
Тој посочи дека со широко распространетата дигитализација, ширењето на дезинформациите, кои ги засегаат сите области, ја направиле уште поважна улогата на одговорните медиуми.
Караѓоз нагласи дека ширењето на манипулативните вести, под влијание на моќните интересни групи во енергетскиот сектор, како и асиметричните и еднострани пристапи, ја зголемиле вредноста на точното и непристрасно новинарство.
„Како Анадолу, работиме со мисијата да обезбедиме сигурен пристап до информации на глобалните енергетски пазари и да играме балансирачка улога“, рече тој.
Во тој контекст, е покренат Енергетскиот терминал на Анадолу.
„Нашата платформа, која објавува и на англиски и на турски, му ги пренесува на светот сите случувања во секторот, без влијание од страна на интересните групи или глобалните актери. Од 2023 година, десетици илјади енергетски вести се сервирани од нашиот енергетски терминал до меѓународните медиуми. Покрај тоа, нашата информативна содржина која се споделува на 13 јазици, заедно со нашиот принципиелен пристап кон новинарството со високи стандарди, ја подобри ефикасноста на агенцијата и ја издигна на ценета позиција меѓу светските извори на вести“, рече Караѓоз.
Тој истакна дека ескалацијата на тензиите ги продлабочила војните и создава терен за нови конфликти.
„Појавата на војна сама по себе не го загрозува меѓународниот поредок. Војните се реалноста во светот во кој живееме илјадници години. Меѓутоа, кога во војната се врши геноцид врз цивилите, кога се извршуваат воени злосторства и кога меѓународната заедница или развиените нации само ги гледаат овие настани или уште полошо, заземаат заштитен став кон оние кои ги вршат воени злосторства, тоа го уништува меѓународниот поредок. Токму тоа се случува денес во Палестина“, рече Караѓоз.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.