Aliia Raimbekova
20 Март 2019•Ажурирај: 21 Март 2019
АСТАНА (АА) - Претседателот на Сенатот на Казахстан, Касим Џомерт Токајев, положувајќи заклетва во Парламентот стана новиот претседател на земјата, јавува Anadolu Agency (AA).
На заедничката седница на Горниот дом на Парламентот на Казахстан и Долниот дом на Собранието, покрај Назарбајев, Токајев и премиерот Аскар Мамин, присуствуваа членовите на Кабинетот на Владата и амбасадори на други земји во Казахстан.
Токајев, откако положи заклетва, ја презеде функцијата претседател од Назарбајев.
Во обраќањето по церемонијата рече дека ќе ги гарантира правата и слободите на граѓаните во согласност со Уставот на земјата, наведувајќи дека функцијата претседател, која му е доверена, ќе ја врши со добра волја.

Токајев предложи името на главниот град Астана да биде променето и да се вика Назарбајев, и дека централните улици во сите градови треба да го носат името на Назарбајев.
Тој, исто така, предложи да се изгради споменик на Назарбајев во Астана и да му се додели титулата „Чесен сенатор“.
По говорот, претседателот Токајев му ја врачи титулата „Народен херој“ на Назарбајев и му подари специјален симбол „Златна ѕвезда“.
Токајев истакна дека Назарбајев ќе продолжи да биде член на Советот за национална безбедност и на Уставниот совет. Назарбајев, исто така, ќе продолжи да ја врши функцијата претседател на партијата Нур Отан. Токајев, исто така, додаде дека при донесувањето на стратешките одлуки размислувањата на Назарбајев ќе бидат приоритетни.
Назарбајев вчера соопшти дека одлучил да ги прекине своите должности како претседател и го потпиша декретот за оставка од функцијата претседател.
Во декретот беше наведено дека овластувањата за претседател ќе бидат префрлени на Токајев.
Мандатот на претседателот Назарбајев истекуваше во 2020 година.