Riyaz Khaliq Khaliq
16 Јуни 2026•Ажурирано: 16 Јуни 2026
Кина денес го повтори својот повик за воздржаност, откако Израел ги продолжи воздушните напади врз Либан и покрај првичниот мировен договор меѓу САД и Иран, кој исто така предвидува прекин на израелската воена кампања на либанска територија, јавува Анадолу.
„Кина е длабоко загрижена за ситуацијата во врска со Либан и Израел. Суверенитетот и безбедноста на Либан не смеат да бидат нарушени“, изјави портпаролот на Министерството за надворешни работи, Лин Џиан, пред новинарите во Пекинг.
„Ги повикуваме сите засегнати страни да покажат воздржаност во зборовите и делата, да го поддржат изборот на мир, сериозно да ги спроведат договорите за прекин на огнот, да реализираат сеопфатен и траен прекин на огнот и да создадат услови за мир и стабилност низ Блискиот Исток“, додаде тој.
Вчера израелска граната експлодираше во јужен Либан и рани еден новинар со шрапнел. Ова е прв ваков инцидент откако Америка и Иран договорија крај на војната на неколку фронтови, меѓу кои е и либанскиот.
Церемонијата за потпишување на договорот е закажана да се одржи во Швајцарија в петок.
Лин исто така изјави дека Кина „комуницира со засегнатите страни и ќе продолжи да ги штити кинеските бродови и членовите на екипажот кои се наоѓаат во Ормускиот Теснец.
„Ормускиот Теснец е теснец за меѓународна пловидба и обновувањето на безбедниот и слободен премин е во интерес на сите страни“, додаде тој.