Dmitri Chirciu
05 Август 2022•Ажурирај: 06 Август 2022
МОСКВА (АА) - Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, истакна дека Туркије (Турција) има легитимна загриженост за безбедноста во врска со Сирија и дека тие тоа го земаат предвид, јавува Агенција Анадолија (АА).
Песков даде изјава за медиумите пред средбата на рускиот претседател Владимир Путин и претседателот на Туркије, Реџеп Таип Ердоган во Сочи.
Одговарајќи на прашањето дали на средбата ќе се разговара за Конвенцијата од Монтре, Песков рече: „Тука нема што да се зборува. Договорот функционира и тој е многу, многу важен.“
На прашањето дали Русија е загрижена за можната операција на Туркије во северна Сирија, Песков рече дека на средбата ќе се разговара и за тоа прашање.
„Туркије има легитимни безбедносни грижи и ние нив ги земаме предвид. Но, не треба да се дозволат дејствија кои би ја дестабилизирале ситуацијата во Сирија и би претставувале закана за нејзиниот територијален и политички интегритет“, нагласи Песков.
Тој додаде дека по средбата на Ердоган и Путин не е планирана прес-конференција.