Ruslan Rehimov
03 Февруари 2016•Ажурирај: 04 Февруари 2016
МОСКВА (АА) - Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека руските воени авиони ги продолжат воените акции во Сирија, јавува Anadolu Agency (АА).
Според руската новинска агенција ТАСС, Лавров во изјавата за Оман, рече дека не гледа причина зошто да се прекине воената акција.
"Целта на акцијата е победата на терористичките групи. Таа ќе продолжи се додека не се поразат терористите", изјави Лавров.
Руското Министерство за одбрана соопшти дека Русија на 30 септември минатата година започна воена акција во Сирија, во која се наведува дека нејзините авиони ги бомбардираа позициите на ДАЕШ. Меѓутоа, руските авиони бомбардираат населби каде што има цивили, како и кампови за обука и касарната на членовите на сириската опозиција во Хомс, Хама, Идлиб и Алепо.