Serdar Dincel
20 Април 2026•Ажурирај: 20 Април 2026
Либан ќе започне преговори со Израел со единствена делегација предводена од Симон Карам, поранешен амбасадор во Соединетите Американски Држави, изјави денес либанскиот претседател, Џозеф Аун, пренесува Анадолу.
Преговорите со Тел Авив „се одвоени од кои било други преговори“, нагласи Аун во соопштението објавено од државната Национална новинска агенција.
Преговорите имаат за цел „да се запре непријателството, да се стави крај на израелската окупација на јужните области, и да се распореди Армијата до меѓународно признаените јужни граници”, додаде тој.
„Либан се соочува со две опции: или продолжување на војната или преговори за нејзино завршување и постигнување одржлива стабилност.“
Од 2 март, Израел спроведува офанзива во Либан во која, според официјалните податоци, загинати се околу 2.300 луѓе, повредени се повеќе од 7.500, а раселени се над еден милион лица.
Американскиот претседател Доналд Трамп прогласи десетдневен привремен прекин на огнот меѓу Израел и Либан, што стапи на сила во петокот на полноќ.