Aydoğan Kalabalık
03 Март 2020•Ажурирај: 04 Март 2020
ТРИПОЛИ (АА) – Министерот за внатрешни работи на меѓународно признатата Влада за национално единство на Либија, Фетхи Башага, истакна дека наскоро од одбранбена позиција ќе преминат во офанзивна позиција со цел да го истераат Калифа Хафтар, водачот на нелегитимните вооружени сили од главниот град Триполи, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според веста на „Телевизијата 218“ со седиште во Бенгази, Башага во изјава за „Ројтерс“ истакнува:
„Наскоро Владата за национално единство ќе ги преземе потребните чекори за да го истера Хафтар од Триполи. Минатиот петок и сабота на аеродромот „Митига“ и во Триполи паднаа 60 ракети“, нагласува Башага.
Тој, додавајќи дека нема надеж за продолжување на прекинот на огнот, рече: „Нашите вооружени сили наскоро ќе ја напуштат дефанзивната позиција и ќе преминат во офанзивна позиција.“
Тој ги повика Соединетите Американски Држави (САД) и Велика Британија да извршат притисок врз државите што го поддржуваат Хафтар и предупреди дека е можно хуманитарната криза во Либија да порасне.