Ali Semerci
12 Декември 2019•Ажурирај: 13 Декември 2019
ИСТАНБУЛ (АА) - Меѓународниот аеродром „Митига“, во либискиот град Триполи, по три месеци повторно е оперативен, јавува Агенција Анадолија (AA).
Управата на аеродромот на социјалната мрежа Фејсбук соопшти дека првиот лет по отворањето ќе биде кон Истанбул.
Летовите на аеродромот се запрени во септември поради нападите на силите лојални на Калифа Хафтар. Летовите потоа се пренасочени на аеродромот „Мисрата“.
Лидерот на воените сили од источниот дел на Либија, Калифа Хафтар, на 4 април нареди заземање на Триполи, по што силите на Владата на национално единство на Либија ја започнаа операцијата „Буркан ал Гадаб“ (Вулкан на гневот).