Handan Kazancı
25 Септември 2016•Ажурирај: 26 Септември 2016
АНКАРА (АА) - Претседателот на Турската Република Северен Кипар вчера изјави дека сака политичко решение за поделениот медитерански остров до крајот на годината, јавува Anadolu Agency (AA).
„Нашата цел е постигнување политичко решение пред истекот на 2016 година”, изјави за новинарите во Њујорк, Мустафа Акинџи, по 20-минутната средба со генералниот секретар на ОН, Бан Ки-мун.
„Верувам и се надевам дека оваа и утрешната средба ќе бидат многу важни во смисла на тоа дека ќе го поплочат патот ... патот до конечниот заклучок на 50-годишниот проблем во Кипар”, рече Акинџи.
„(Бан) ја потврди својата лична заложба кон нашиот процес и повтори дека тој е на располагање во секое време, во текот на последната фаза од неговиот мандат”, додаде тој.
Акинџи, кој е во Њујорк како дел од годишните состаноци на 71. Генерално собрание на ОН, денес ќе оствари средба со лидерот на грчкиот Кипар, Никос Анастасиадис.
Преговорите за обединување меѓу кипарските Грци и кипарските Турци на островот продолжија во мај 2015 година, кога тогашниот новоизбран лидер Акинџи се сретна со Анастасиадис.
Источниот медитерански остров е поделен на држава на кипарските Турци на север и на администрација на кипарските Грци на југ по воениот удар во 1974 година.