Diyar Güldoğan
21 Јануари 2025•Ажурирај: 22 Јануари 2025
ВАШИНГТОН (АА) - Лидерот на новата сириска администрација, Ахмед ал Шара, му честита на американскиот претседател Доналд Трамп за инаугурацијата, јавува Анадолу.
„Веруваме дека тој е лидерот што ќе донесе мир на Блискиот Исток и ќе ја врати стабилноста во регионот“, рече тој во соопштението.
Ал Шара истакна дека со нетрпение очекува да ги подобри билатералните односи засновани врз „дијалог и разбирање“.
Башар ал Асад, лидер на Сирија речиси 25 години, побегна во Русија откако антирежимските групи ја презедоа контролата врз главниот град Дамаск на 8 декември, ставајќи крај на владеењето на партијата Баас што траеше од 1963 година.