Gülşen Topçu
06 Септември 2020•Ажурирај: 07 Септември 2020
БЕЈРУТ (АА) - Лидерот на Хамас, Исмаил Ханије, истакна дека Палестина се соочува со три стапици во партнерството меѓу Соединетите Американски Држави (САД) и Израел, пренесува Агенција Анадолија (АА).
На состанокот со свештените лица во Бејрут, главниот град на Либан, Ханије се осврна на палестинското прашање.
„Палестина се соочува со три стапици во партнерството меѓу САД и Израел“, истакна Ханије, додавајќи дека првата стапица е Ерусалим (Кудс), бегалците и планот за „Договорот на векот“, кој има за цел да му зададе удар на палестинскиот идентитет.
Според Ханије, втората стапица е анексијата на палестинските територии кон Израел, а третата се договорите за нормализација, кои овозможуваат проширување на администрацијата на Тел Авив во регионот.
Нагласувајќи дека нормализирањето на односите со Израел е отворен напад врз правата на Палестина, Ханије рече дека Ерусалим (Кудс) е целосно во опасност и дека треба да се заштити од ционистичките планови.