Yusuf Özcan
19 Септември 2020•Ажурирај: 21 Септември 2020
ПАРИЗ (АА) - Францускиот претседател, Емануел Макрон, во врска со тензиите во Источен Медитеран, порача дека треба повторно да се отвори одговорен дијалог, пренесува Агенција Анадолија (AA).
Макрон преку својот официјален профил на Твитер испрати порака на француски, а потоа и на турски јазик, во врска со ситуацијата во Источниот Медитеран.
„Во Ајачо испративме јасна порака до Турција. Со добра намера, без наивност, повторно да отвориме одговорен дијалог. Овој повик воедно е и повик од Европскиот парламент. Се чини дека е слушнат. Продолжуваме понатаму“, порача Макрон.
Самитот на лидерите на Европската Унија (ЕУ) ќе се одржи на 24 и 25 септември во Брисел, главниот град на Белгија, каде што Источниот Медитеран ќе биде меѓу точките на дневниот ред.