Michael Hernandez
25 Април 2018•Ажурирај: 26 Април 2018
ВАШИНГТОН (АА) - Францускиот претседател Емануел Макрон во својот говор пред Конгресот на САД изјави дека Франција и САД имаат многу посебни односи и дека воспоставиле силна врска кога се работи за демократските вредности и принципи, јавува Anadolu Agency (AA).
Само еден ден по состанокот со американскиот претседател Доналд Трамп во Белата куќа, Макрон истакна дека Европа и САД мора заедно да се соочат со сите големи глобални предизвици.
Тој истакна дека визијата на светската политика е дека мора да биде водена од принципот на мултилатеризмот, апелирајќи на САД да не ја 'затвораат вратата' во соработката со меѓународната заедница.
„Тоа нема да го ублажи, туку само ќе ги зголеми стравовите на нашите граѓани“, рече Макрон.
„Мораме нашите очи да ги држиме ширум отвоени пред престојните нови ризици. Доколку одлучиме очите да ги држиме ширум отворени, сигурно ќе бидеме посилни. Ќе ги надминеме опасностите со кои се соочуваме", изјави Макрон.
Тој напомена дека сега клучен момент е меѓународната заедница да дејствува и да се сочуваат меѓународните институции како што се ОН и НАТО.