Zehra Ulucak
26 Јануари 2016•Ажурирај: 27 Јануари 2016
КУАЛА ЛУМПУР - Малезискиот премиер Наџиб Разак ослободен е од обвинението за проневера, откако малезиското обвинителство објави дека 681 милиони долари на неговата сметка се поклон од Саудиска Арабија, пренесува Anadolu Agency (AA).
Главниот малезиски обвинител Мухамед Апанди Али, ја потврди оваа информација, но не кажа ништо околу тоа зошто Разак ги добил тие пари од Саудиска Арабија, ниту за кои цели се трошени парите.
Апанси истакна дека Комисијата за борба против корупцијата од Малезија установи дека саудиската кралска фамилија во март и април 2013 година, на приватната сметка на Разак му префрлила 681 милиони долари, односно дека премиерот не го прекршил законот.
Премиерот Разак во август минатата година, на кралското семејство му вратил 620 милиони долари, но за потеклото на останатите 61 милиони долари не се дадени информации.