Ruslan Rehimov
08 Април 2016•Ажурирај: 09 Април 2016
БАКУ (АА) – Премиерот на Руската Федерација Дмитри Медведев денес во Баку изјави дека проблемот Нагорно - Карабах треба да биде решен со дијалог, јавува Anadolu Agency (AA).
Медведев во Азербејџан се состана со претседателот Илхам Алијев. Алијев на одржаната прес -конфереција изјави дека со рускиот премиер разговарал за регионални теми и последните случувања во Нагорно -Карабах. Алијев додаде дека посетата на Медведeв е да ја покаже важноста на односите на Русија со Азербејџан и потсети дека Нагорно - Карабах и седум околни региони веќе подолго време се наоѓаат под окупација, како и дека повеќе од милион луѓе биле присилени на миграција.
Претседателот Алијев нагласи дека советот за безбедност на ОН донесе четири резолуции по тоа прашање, но дека тие не се применуваат.
“Азербејџан го почитува прекинот на огнот. Се надеваме дека ќе го почитува и Ерменија. Обвиненијата на Ерменија дека Азербејџан ги поттикна тензиите, се неточни. Ние само ја штитиме нашата земја и цивилното население. Се потпираме на решавањето на проблемот по пат на мирен процес. Се потпираме на последната посета на ко претседателот на групата Минск во регионот. Верувам дека оваа ситуација ќе се промени и дека азербејџанската територија ќе биде ослободена од окупација”, изјави Алијев.
Медведев нагласи дека со Азербејџан имаат односи кои се взаемно корисни и истовремено стратешки и дека се потпираат на взаемно почитување и пријателство.
Тој истакна дека економската соработка поминува низ тежок период и укажа на потребата за развивање на економските односи. Рускиот премиер ја нагласи поддршката за решавање на проблемот Нагорно - Карабах по мирен пат.
“Нема друго решение освен преговорите по мирен пат. Поради тоа го подржуваме последното примирје”, истакна Медведев.
Министерството за одбрана на Азербејџан претходно соопшти дека и покрај примирјето постигнато во вторник, ерменската војска извршила напад на позициите на азербејџанските страни во градовите Ордубат, Санбуз и Бабек во подрачјето на Нахчиван.