Ayhan Şimşek
17 Јануари 2023•Ажурирај: 18 Јануари 2023
БЕРЛИН (АА) – Социјалдемократот Борис Писториус е новиот министер за одбрана на Германија, објавија денес локалните медиуми, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Канцеларот Олаф Шолц го назначил политичарот за нов министер за одбрана, на местото на Кристин Ламбрехт, која вчера поднесе оставка од својата функција, јавија магазинот „Шпигел“ и јавниот сервис АРД.
Писториус е министер за внатрешни работи во сојузната покраина Долна Саксонија од 2013 година, а претходно беше на функцијата градоначалник на градот Оснабрук.
Министерката за одбрана во заминување, Кристин Ламбрехт, беше критикувана од опозициските партии за неуспехот во покажувањето лидерство, занемарување на тешките проблеми на Вооружените сили и бавноста во однос на испораката на оружје во Украина.