свет

Медиуми: Тел Авив уништи активна постројка за истражување нуклеарно оружје во Иран

Цел на нападот на Тел Авив бил „таен објект“ во регионот Парчин, во близина на Техеран, кој „Иран наводно го користи за истражување на нуклеарно оружје“

Mustafa Deveci  | 15.11.2024 - Обновена : 15.11.2024
Медиуми: Тел Авив уништи активна постројка за истражување нуклеарно оружје во Иран

АНКАРА (АА) - Израелската војска, наводно, уништила „активена постројка за истражување нуклеарно оружје во Иран“ во нападот минатиот месец, објавија израелските медиуми, пренесува Анадолу.

Новинскиот портал „Вала“ излезе со ново тврдење за нападот на Израел врз Иран на 26 октомври.

Во вестите, засновани на неименувани американски и израелски претставници, се тврди дека цел на нападот на Тел Авив бил „таен објект“ во регионот Парчин, во близина на Техеран, кој „Иран наводно го користи за истражување на нуклеарно оружје“.

Се наведува дека нападот во објектот наречен „Талегхан 2“ уништил „напредна опрема користена за дизајнирање на пластични експлозиви што го опкружуваат ураниумот во нуклеарна направа и се потребни за негово детонирање“.

Иако во текстот се наведува дека Иран има таен објект за истражување на нуклеарно оружје, администрацијата на Техеран остро го негира тврдењето за производство на нуклеарно оружје.

Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан во вчерашната изјава рече дека неговата земја на никаков начин не се обидува да произведе нуклеарно оружје во согласност со фатвата на лидерот на земјата, ајатолахот Али Хамнеи, и дека нема да дозволи некој да отстапи од таа политика.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın