Ekipa
19 Февруари 2018•Ажурирај: 19 Февруари 2018
АНКАРА (АА) - Прорежимските сириски медиуми најавија дека во подрачјето на Африн, кое е под опсада на терористичката организација ПЈД/ПКК, ќе влезе таканаречена група на „народни сили“, пренесува Anadolu Agency (AA).
Прорежимската сириска новинска агенција САНА јавува дека таканаречените „народни сили“ во Африн ќе пристигнат во следните неколку часа.
Подрачјето на Африн е погранична сириска регија која од 2012 година е под окупација на терористите на ПЈД/ПКК, во која Турските вооружени сили и Слободната војска на Сирија ја спроведуваат операцијата „Маслинова гранка“, со цел неутрализирање на терористите.
Турските сили досега ослободија над 70 места во подрачјето на Африн, а терористите на ПЈД/ПКК ги интензивираа преговорите со силите лојални на режимот на сирискиот претседател Башар ал-Асад за да најдат спас во сојузништвото со него.
Репортерот на АА од теренот известува дека терористите со режимот на Асад постигнале договор сличен со претходниот случај во Мунбич, и дека симболични единици на режимот ќе бидат распоредени на фронтовите во Африн наспроти турските сили и сириската опозиција.