Ekipa
26 Мај 2021•Ажурирај: 27 Мај 2021
АНКАРА (АА) - Министерот за туризам на сирискиот режим пристигна во Саудиска Арабија на прва таква посета на Кралството од министер на сирискиот режим во последната деценија, јавува Агенција Анадолија (АА).
Мухамад Рами Мартини треба да присуствува на 47. состанок на Комитетот на Светската здравствена организација за Блискиот Исток во Ријад на 26 и 27 мај, според официјалната сириска новинска агенција САНА.
„Посетата на сирискиот министер дојде по официјална покана од саудиското Министерство за туризам и од Комитетот на Светската туристичка организација за Блискиот Исток за учество на состанокот“, соопшти САНА.
Односите на Саудиска Арабија со режимот на Башар ал-Асад се влошија по избувнувањето на сириската револуција во 2011 година, со тоа што Ријад го повика својот амбасадор од Дамаск и ги замрзна дипломатските односи со режимот на Асад.