Ajdin Aliji
04 Октомври 2024•Ажурирај: 05 Октомври 2024
СКОПЈЕ (АА) - Министерот за здравство на Северна Македонија, Арбен Таравари, одржа прес-конференција по повод првите 100 дена од Владата, јавува Анадолу.
Министерот Таравари пред медиумите ги објави проектите и успесите на Министерството за здравство во првите 100 дена.
„Во изминатите 100 дена, наш главен приоритет како Министерство за здравство беше подобрување на здравствената заштита за сите наши граѓани. Заедно со нашиот тим, постојано сме посветени на задоволување на потребите на пациентите и на сите актери во здравствениот систем“, рече Таравари.
Тој нагласи дека во наредните две години во јавните здравствени установи ќе се вработат 600 приватни специјализанти. Министерот Таравари рече дека со оваа мерка Министерството ќе се заложи новиот здравствен кадар да се вклучи во јавното здравство и да ја намали веројатноста за бегство во странство.
„Во соработка со Медицинскиот факултет работиме на законско решение за стимулирање на најдобрите студенти по медицина за веднаш по дипломирањето да се ангажираат како здравствени работници, односно како лекари во јавните здравствени установи“, рече Таравари.
Тој истакна дека се обезбедени околу 10 милиони евра за прочистување на воздухот во болниците во земјава.
Таравари изјави дека со Министерството за здравство на Хрватска имаат потпишано соработка во повеќе здравствени сегменти за размена на искуства, едукација на кадар и трансплантација.