Almir Terzic
10 Февруари 2016•Ажурирај: 11 Февруари 2016
САРАЕВО (AA) - Во фокусот на овогодинешната 52 Минхенска безбедносна конференција која ќе се одржи во Минхен од 12 до 14 февруари 2016 година, на која учествуваат бројни претставници на државите и владите, како и министрите за надворешни работи и одбрана, ќе биде војната во Сирија, мигрантската криза и кризата на европскиот безбедносен поредок, јавува Anadolu Agency (AA).
Помеѓу останатото, на Минхенската безбедносна конференција ќе учествуваат и претседателката на Република Хрватска Колинда Грабар-Китаровиќ, која освен на свеченото отворање на Безбедносната конференција во петок, на 12 февруари, ќе учествува на панел дискусијата "Кон понатамошна евроатланска интегација" во сабота, на 13 февруари. Истиот ден, како главна говорничка ќе присуствува на традиционалниот појадок за жените во организација на Баварската државна влада, фондацијата "Hanns-Seidel", организацијата Жени во меѓународната безбедност како и Институтот за жените, мирот и безбедност на Универзитетот "Georgetown".
Во четврток на 11 февруари, ќе биде приредена работна вечера за стопанствениците во пресрет на конференцијата каде ќе одржи говор на тема хрватските и европските одбранбени политики.
На маргините на конференцијата, Грабар-Китаровиќ ќе одржи низа билатерални состаноци.