Sena Güler
24 Септември 2018•Ажурирај: 25 Септември 2018
АНКАРА (АА) - Уставниот суд на Молдавија денес привремено ги суспендира овластувањата на претседателот на државата, пренесува Anadolu Agency (AA).
Одлуката на судот дојде откако претседателот Игор Додон одби да одобри две имиња предложени за министри од премиерот Павел Филип.
Николај Чиубуч беше предложен за министер за земјоделство и регионален развој, а Силвија Раду за министерка за здравство, социјална заштита и семејство.
Одлуката е донесена откако членовите на Демократската партија, кои се членови на Владата, поднесоа жалба до Уставниот суд.
Според одлуката, претседателот на Парламентот ќе ја извршува функцијата претседател.
Како одговор на одлуката на судот, Додон на својот профил на Фејсбук напиша дека предложените имиња не ги исполнувале условите за функцијата министер.
Додон, кој претходно е суспендиран трипати, вели дека треба да се преиспита професионалноста и независноста во одлуките на судиите на Уставниот суд.
Овластувањата на претседателот Додон во 2017 и 2018 година се суспендирани поради одбивањето да назначи имиња предложени од Владата и Павел Филип.