Sarp Özer
23 Мај 2018•Ажурирај: 24 Мај 2018
АНКАРА (АА) - Сарп Озер - Уште еднаш се потврди констатацијата дека во подрачјето на Африн, Сирија, терористичките оганизации ПКК/КЏК/ПЈД-ЈПГ и ДЕАШ дејствуваат заедно против Турција. Во судирот кој вчера се случи во подрачјето меѓу Арап Ушаги и Катранли, турските војници неутрализираа двајца терористи. Терористите биле припадници на терористичката организација ДЕАШ, пишува Anadolu Agency (AA).
Турските вооружени сили (ТСК), со акциите кои ги спроведуваат за да формираат безбедност и стабилност во подрачјето на Африн и по должината на границата меѓу Турција и Сирија, ја продолжуваат операцијата „Маслинова гранка“, започната на 20 јануари 2018 година, со цел неутрализирање на терористите и спасување на локалното население од теророт и прогонот на терористичките организации.
Турските војници во рамките на операцијата за цел ги немаат само терористичките организации ПКК/КЏК/ПЈД-ЈПГ, туку во исто време се борат и против терористичката организација ДЕАШ. За кусо време елементите на Турските вооружени сили, во рамките на операцијата „Маслинова гранка“ напредуваа 23 километри. Досега од терористи се расчистени 282 населени места и 50 критични точки. Заклучно со минатата недела, досега се неутрализирани вкупно 4.464 терористи.
Според информациите до кои дојде дописникот на АА од теренот, уште еднаш се покажа дека во Африн, терористичките организации ПКК/КЏК/ПЈД-ЈПГ и ДЕАШ дејствуваат заедно против Турција. По воспоставената контрола врз Африн, елементите на ТСК продолжуваат со пребарувањето на теренот во околината. Вчера за време на пребарувањето на теренот во подрачјето меѓу Арап Ушаги и Катранли откриени се двајца терористи. Во престрелката усмртени се терористите за кои е утврдено дека се припадници на терористичката организација ДЕАШ. На тој начин уште еднаш се потврди констатацијата дека терористичките организации ПКК/КЏК/ПЈД-ЈПГ на теренот дејствуваат заедно со терористичката организација ДЕАШ.
Од друга страна, елементите на Турските вооружени сили им даваат поддршка на Црвената полумесечина, на АФАД (Дирекцијата за управување со кризи и вонредни состојби на Турција) и на ОН, во нивните обиди да достават хуманитарна помош во подрачјето и продолжуваат со своите активности за нормализација на животот во Африн. Соработката на АФАД и Турските сили последнава недела овозможи во 52 населени места да им се додели хуманитарна помош на околу 6.000 лица. Турските вооружени сили и Слободната сириска војска на 18 март 2018 година воспоставија контрола врз Африн, а во тек се активности за отстранување на мини и рачно изработени експлозивни направи. Во рамките на операцијата досега се уништени 222 мини и 1.177 рачно изработени експлозивни направи.