Mustafa Deveci
02 Август 2024•Ажурирај: 04 Август 2024
АНКАРА (АА) - Израелските медиуми објавија дека на министрите во Владата на Израел им биле доделени сателитски телефони, со оглед на можноста за прекини во комуникациските мрежи во случај на евентуална одмазда од страна на Иран или Хезболах, јавува Анадолу.
Во медиумските извештаи се наведува дека во Израел постои загриженост за можни проблеми во комуникациските мрежи доколку Иран или Хезболах извршат одмазднички напади поради неодамнешните израелски атентати на лидерите на Хамас и Хезболах.
На членовите на кабинетот им се дадени сателитски телефони за да немаат проблеми со комуникацијата.
Истите телефони им се доделени и на други раководители на важни институции во Израел, а израелските медиуми јавуваат дека таквиот потег на Тел Авив бил направен без разузнавачки информации за можни проблеми.
Еден од командантите на либанското движење Хезболах, Фуад Шукур, на 30 јули беше убиен во напад на израелската армија во Бејрут, главниот град на Либан.
Еден ден подоцна, политичкиот лидер на Хамас, Исмаил Ханије, беше убиен во израелски напад во Техеран.