Tolga Yanık
24 Август 2019•Ажурирај: 26 Август 2019
ИСТАНБУЛ (АА) - ТОЛГА ЈАНИК – Музичките спотови најмногу се гледаат на најпопуларната страница за споделување видеа во светот „Јутуб“, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според информациите од порталот за статистика „Статиста“, музичките спотови на „Јутуб“ се наоѓаат меѓу првите десет најгледани видеа.
На прво место се наоѓа песната „Despacito“ на порториканскиот пејач Луис Фонси со 6,39 милијарди прегледи, потоа следува спотот на британскиот пејач Ед Ширен, „Shape of You“, кој има 4,35 милијарди прегледи. На трето место се наоѓа песната „See You Again“ на Виз Калифа со 4,20 милијарди прегледи.
На листата на најмногу гледани видеа се наоѓаат и детски песни и цртани филмови.
Вкупниот број на прегледи на 10-те најгледани видеа на „Јутуб“ достигна 38,4 милијарди, што претставува 5 пати повеќе од вкупното население на светот.
- Зголемен интерес за платформите за дигитална музика
Покрај видеоплатформите, расте интересот на корисниците за дигиталните музички платформи, како што се „Спотифај“ („Spotify“) и „Епл мјузик“ („Apple Music“).
Според нивните податоци, „Спотифај“ е најпозната од музичките платформи, а платформата во второто тримесечје од минатата година имала 180 милиони месечни активни корисници. Оваа бројка се зголеми за 28,8 проценти во истиот период оваа година и достигна 232 милиони активни корисници.
Слично на тоа, музичката платформа „Епл мјузик“ на еден од технолошките гиганти „Епл“, минатата година во јуни имала 27 милиони корисници, а оваа година бројката се зголеми за 60 милиони и се искачи на 122 милиони корисници во истиот период.
Како одговор на овој тренд во музичките платформи, „Јутуб“ минатиот месец го промовираше својот нов музички сервис „Јутуб мјузик“ („YouTube Music“).
Валед Дијаб, директор за развој на бизнисот на „Јутуб“ за Северна Америка, во изјавата за дописникот на АА во јули рече дека корисниците активно користат „Јутуб“ за слушање музика и додаде дека новата музичка услуга „Јутуб мјузик“ ќе придонесе за да се подобрат услугите за слушање музика.