Handan Kazancı,Mert Davut
23 Мај 2024•Ажурирај: 28 Мај 2024
ИСТАНБУЛ (АА) – Годинашниот КазанФорум донесе 120 договори за соработка од полето на образованието до здравството, соопштија денес организаторите, јавува Анадолу.
„Оваа година на платформата потпишавме 120 договори“, истакна Талија Минулина, шефица на Агенцијата за развој на инвестиции на Република Татарстан.
„Меѓу нив може да ги споменеме договорите за проектот за жито, за спортот, културата, образованието, иновациите, информатичките технологии, вработувањата и миграциската политика“, додаде Минулина.
На настанот во Казан, главниот град на Руската Република Татарстан, присуствуваа повеќе од 20.000 учесници од 87 земји, вклучително и 40 дипломатски мисии од Европа, Азија и Африка.
Деловната програма на Форумот се фокусираше на меѓународната соработка, исламските финансии и инвестициите, халал индустријата, науката и технологијата, соработката во бизнисот, инфраструктурниот развој, човечките ресурси, туризмот и културата. Анадолу беше глобален комуникациски партнер на петдневниот настан што се одржа помеѓу 14 и 19 мај.
На Форумот експертите разговараа за потенцијалните придобивки од соработката меѓу Русија и Организацијата за исламска соработка (ОИС) на полето на финансиите и логистиката.
Во обраќањето на настанот, рускиот вицепремиер Марат Хуснулин рече дека трговскиот обрт на Русија со земјите од Организацијата за исламска соработка минатата година се зголемил за 31 отсто.