Beyza Binnur Dönmez
09 Октомври 2023•Ажурирај: 10 Октомври 2023
ЖЕНЕВА (АА) - Ескалацијата меѓу Израел и палестинските групи резултираше со раселување на 123.538 Палестинци во Појасот Газа, покажуваат најновите податоци на Канцеларијата на ОН за координација на хуманитарни прашања (OCHA), пренесува Анадолу.
Групата на отпорот Хамас со седиште во Газа ја започна операцијата „Поплава Акса“против Израел рано во саботата, истрелувајќи низа ракети.
Се наведува дека ненадејниот напад бил одговор на упадот во џамијата „Ал Акса“ во окупираниот Источен Кудс (Ерусалим) и зголеменото насилство на доселениците.
Според израелското Министерство за здравство, во нападот се убиени најмалку 700 Израелци, а повеќе од 2.300 се ранети.
Како одмазда, израелската армија ја започна операцијата „Железни мечеви“ против Хамас во Појасот Газа, при што загинаа најмалку 493 Палестинци и беа ранети над 2.750 лица.