Fatjon Cuka,Malik Hasa
08 Декември 2015•Ажурирај: 09 Декември 2015
ТИРАНА (АА) - Откако лидерот на опозициската Демократска партија на Албанија, Љуљзим Баша, на денешните антивладини протести во Тирана побара распуштање на актуелната власт предводена од Еди Рама, група демонстранти се упати кон Министерството за внатрешни работи на Албанија, кое го каменуваа и запалија симболично бункер кој го поставија напред, јавува Anadolu Agency (АА).
Претставниците на поранешните политички затвореници повикаa на отстранување на бункерите кои, според нив е симбол на комунистичкиот режим на Енвер Хоџа. До ескалација дојде откако демонстрантите почнаа да ја каменуваат зградата на МВР кршејќи стакло, а потоа го запалија бункерот.
Албанската полиција не очекуваше ваков редослед на настаните и единстевно што успеа да спречи е да влезе групата внатре во дворот на зградата на министерството. Еден од демонстрантите се обиде да влезе во зградата на Владата, но беше спречен од страна на полицијата. За денешните немили настани во Тирана се огласи и албанскиот премиер, Еди Рама, кој рече дека е грдо што само на овој ден по повод Националниот ден на Албанската младина, Демократската партија "се удави во базен на вандализам" .
"Тажно е и грдо на овој ден да ја видиш Демократската партија удавена во базен на вандализам, додека се сеќава на студентското движење за соборување на комунистичкиот режим и која ја оживеа само неа, без да скрши ниедно стакло", пишува Рама, на својот Фејсбук профил.
Рама изрази жалење за, како што рече, подмолната политиката на Демократската партија "без визија, лидерство, владејачка алтернативи и за жал, без каква било врска со европското време на Албанија".