Ekip
09 Март 2019•Ажурирај: 11 Март 2019
АТОЛ АЛФОНС (AA) - Научниците се подготвуваат да го реализираат првиот видеопренос во живо длабоко под површината на океанот, пренесува Anadolu Agency (AA).
Се очекува во почетокот на следната недела, на Сејшелите, во Индискиот Океан, да нурне подморница на длабочина од 300 метри и во живо да испрати слика кон сателитскиот предавател на матичниот брод.
Мисијата „Нектон“, предводена од британски научници, има за цел да ја прегледа состојбата на океанот во време кога се зголемуваат стравувањата поради климатските промени. Индискиот Океан е најмалку истражен досега.