Mohamed Majed,Çağrı Koşak
17 Април 2025•Ажурирај: 18 Април 2025
ИСТАНБУЛ (АА) - Најмалку 10 лица се убиени, меѓу кои има и деца, во нападот на израелската армија врз шаторите во кои биле сместени раселени Палестинци во Појасот Газа, известува Анадолу.
Според изјавите на очевидците, израелската армија ги бомбардирала шаторите на раселените Палестинци во градот Хан Јунис, во јужниот дел на Газа.
Во нападот животот го загубиле 10 Палестинци, меѓу кои има деца и жени, кои изгореле од настанатиот пожар.
Загинатите и повредените се пренесени во болницата „Насер“ во градот Хан Јунис.
По прекинот на огнот што стапи на сила на 19 јануари во Појасот Газа, израелската армија утрото на 18 март продолжи со своите брутални напади.
Од продолжувањето на нападите од израелската армија убиени се 1.652 Палестинци, главно постари лица, жени и деца, а 4.391 лице се повредени.
Бројот на Палестинците кои ги загубија животите во израелските напади врз Појасот Газа од 7 октомври 2023 година досега се зголеми на 51.025, а повредени се 116.432.