свет

Најмалку 12 лица се убиени во израелски воздушен напад врз центарот за цивилна одбрана во Источен Либан

- Доцна синоќа цел на израелски воздушен напад бил градот Дорис, при што е урнат центарот за цивилна одбрана и уништена е соседната зграда.

Ikrame Imane Kouachi  | 15.11.2024 - Обновена : 15.11.2024
Најмалку 12 лица се убиени во израелски воздушен напад врз центарот за цивилна одбрана во Источен Либан Фото: АА

АНКАРА (АА) - Убиени се најмалку 12 лица во израелски воздушен напад врз центарот за цивилна одбрана во Дорис, во либанската област Баалбек, објави денес официјалната новинска агенција на Либан, јавува Анадолу.

Според Националната новинска агенција, доцна синоќа цел на воздушен напад бил градот Дорис, при што е урнат центарот за цивилна одбрана и уништена е соседната зграда.

„Центарот за цивилна одбрана во Баалбек на беше цел додека внатре имаше повеќе од 20 лица од цивилната одбрана“, напиша Бачир Ходр, гувернер на Баалбек-Хермел, на X.

Овој септември Израел започна воздушна кампања во Либан против, како што тврди, локации на групата Хезболах, како ескалација на едногодишната прекугранична војна.

Според либанските здравствени власти, речиси 3.400 луѓе се убиени, над 14.400 се повредени и повеќе од еден милион луѓе се раселени поради израелските напади од октомври минатата година.

На 1 октомври Израел започна упад во Јужен Либан.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın