Ekipa
15 Мај 2016•Ажурирај: 16 Мај 2016
ЕРУСАЛИМ (АА) - Премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху, го обвини Иран за исмејување на Холокаустот и подготвување на уште еден над еврејскиот народ, пренесува Anadolu Agency (AA).
Зборувајќи по повод меѓународно натпреварување за најдобри карикатури на тема Холокауст, кое вчера беше организирано во Иран, Нетанјаху истакна дека Израел не се противи „само на агресивната политика на Иран, туку и на нивните вредности”.
„Иран го негира Холокаустот, го исмејува и исто така подготвува нов Холокауст”, изјави Нетанјаху за време на редовниот неделен состанок на неговиот Кабинет.
Секретарот на натпреварот, Масуд Шоџај Табатабај, изјави дека организаторите немаат интерес да го негираат Холокаустот, ниту да ги „исмејуваат жртвите”.
„Ако пронајдете еден труд кој ги исмејува жртвите или го негира Холокаустот, ние сме спремни да ја затвориме изложбата. Евреите кои ги загубија животите за време на Холокаустoт беа изложени на угнетување од страна на нацистите”, изјави Табатабај.
Тој додаде дека светот се соочува со сличен масакр на „ционистичкиот режим во Палестина”.