свет

Нетанјаху рече дека ќе останат на Филаделфискиот коридор за „да го спречат извлекувањето на заробениците од Газа“

Повторно на удар е израелскиот премиер Нетанјаху поради обидот да го блокира договорот за размена на заробениците меѓу Израел и Хамас.

Ali Semerci, Zein Khalil  | 05.09.2024 - Обновена : 05.09.2024
Нетанјаху рече дека ќе останат на Филаделфискиот коридор за „да го спречат извлекувањето на заробениците од Газа“

ЕРУСАЛИМ (АА) - Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху повтори дека нема да се повлечат од Филаделфискиот коридор на границата Газа-Египет под изговор „за да го спречат извлекувањето на израелските заробеници од Појасот Газа“, известува Анадолу.

Весникот „Једиот Ахронот“ објави дека Нетанјаху синоќа одржал прес-конференција со учество на странски новинари во Западен Ерусалим.

Покажувајќи мапа на почетокот на прес-конференцијата, Нетанјаху рекол: „Ова е Блискиот Исток, а ова е остатокот од арапскиот свет. Израел е една од најмалите земји во светот, околу еден процент од површината на арапскиот свет. Значи, Хамас, зборувајќи за ослободување на Палестина од реката до морето, зборува за уништување на Израел.“

Подоцна Нетанјаху зборуваше за важноста на Филаделфискиот коридор, презентирајќи ја мапата на Појасот Газа, како што тоа го направи на прес-конференцијата одржана на 2 септември.

- Нов изговор -

Тврдејќи дека би било невозможно да се спречи Хамас не само да шверцува оружје туку и да ги префрли израелските заробеници во странство доколку го напуштат Филаделфискиот коридор, Нетанјаху рече дека им е потребно нешто за притисок врз Хамас да ги ослободи заробениците.

Тврдејќи дека Газа треба да се демилитаризира и дека тоа би било можно само доколку Филаделфискиот коридор остане под израелска контрола, немајќи притоа линија за снабдување со муниција и оружје за Хамас, Нетанјаху рече дека веќе постои договор (од ноември 2023 година) за враќање на заробениците и дека тој ја изразил својата решеност да ги врати преостанатите заробеници.

Зборувајќи дека Хамас ќе го прифати договорот кога ќе почувствува воен притисок, како што тоа беше случај со првиот договор, Нетанјаху во разговорот со новинарите тврдел дека ниту тој ниту, пак, Израел не го спречиле постигнувањето на договорот за размена на заробеници, туку претседателот на Хамас и Политичкото биро на Хамас, Јахја Синвар.

- Тврди дека подоцна ќе се повлечат -

На прашањето дали му ветил на американскиот државен секретар Ентони Блинкен дека Израел во некоја фаза ќе се повлече од Филаделфискиот коридор, Нетанјаху одговорил:

„Се договоривме да го намалиме бројот на војници по должината на коридорот и таму не ни е потребна цела дивизија. Се договоривме да започнат средби за траен прекин на огнот, кој ќе ги вклучува нашите услови дека Филаделфискиот коридор не може да се преминува. Потребно е да има некој таму, воопшто не ми е грижа кој ќе биде. Донесете ни некој што може да ни покаже, но не на хартија или вербално, туку на терен секој ден, секој ден, секоја недела, дека може да спречи да не се повторат настаните (од претходно) и ние сме отворени за разгледување.“

Израелскиот премиер Нетанјаху е на удар поради обидот да го блокира договорот за размена на заробениците меѓу Израел и Хамас.

Откако разговорите за размена на заробениците повторно се вратија на дневен ред, Нетанјаху постави некои нови услови за воспоставување можен договор што вклучуваат и контрола над Филаделфискиот коридор од страна на израелската војска.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.