İdris Okuducu
25 Септември 2017•Ажурирај: 26 Септември 2017
ЕРБИЛ (АА) - Премиерот на Регионалната курдска управа во северен Ирак, Нечирван Барзани, тврди дека неуставниот референдум за независност од Ирак којшто го спроведува таа управа денес, не претставува закана за Турција, јавува Anadolu Agency (AA).
По гласањето во Ербил, Барзани зборуваше за одлуките на Турција кога станува збор за референдумот.
Според него, Регионалната курдска управа во северен Ирак има многу добри односи со Турција од 1991 година.
„Турција е земја која ни помогна во тешки времиња. Ѝ должиме благодарност на Турција за помошта што ја даде на Регионалната курдска управа“, рече Барзани.
Тој истакна дека референдумот се одржува само во границите на Ирак.
„Референдумот ги опфаќа само границите на Регионалната курдска управа во северен Ирак. Не сакаме референдумот да се сфаќа како да ќе биде одржан и во соседните земји. Ние ја донесовме оваа одлука кога беше изгубена надежта во Багдад. Тринаесет години правевеме напори да ги оствариме нашите права во уставна рамка. Но, за жал, нашите уставни права секој ден сѐ повеќе почнаа се кршат", рече Барзани.
Тој додаде дека референдумот во Регионалната курдска управа не претставува закана за Турција.
„Референдумот што се одржува денес во Регионалната курдска управа нема карактеристики на опасност за Турција. Покрај тоа, ние не сме фактор на закана што ќе ја наруши безбедноста на која било соседна држава. Желбата на курдскиот регион е Турција да разбере зошто е донесена една ваква одлука. Референдумот не е прогласување на независен Курдистан на 26 септември. Народот во овој процес ќе го изрази своето мислење за независност. Сакаме сите прашања со Багдад да ги решиме преку дијалог. Сакаме на мирен начин по ова прашање да постапува (Турција). Турција не би требало да го гледа ова како закана кон себе, бидејќи ние не сме закана за никого“, рече Барзани.