16 Јануари 2017•Ажурирај: 16 Јануари 2017
ДУБАИ (АА) - Шест лица се повредени при пад на балон на топол воздух што летал над пустината во околина на градчето Ал-Мадам, а полицијата на Обединетите Арапски Емирати започна истрага за инцидентот, пренесува Anadolu Agency (AA).
Полицијата во градот Шарџа, ОАЕ, соопшти дека во саботата наутро се урнал балон на топол воздух кој се користел за панорамско летање.
Како што е наведено, шестмина туристи од Европа и од Азија се здобиле со умерени до сериозни повреди и во моментов се во болница. Националноста на повредените не беше откриена.
Шарџа е еден од седумте емирати што ја сочинуваат федерацијата на ОАЕ. Таа се наоѓа на Персискиот Залив, до Дубаи.