Burak Bir
21 Август 2026•Ажурирано: 21 Август 2026
По продолжените топлотни бранови, Италија сега е под метеоролошки предупредувања, откако обилните дождови и грмежите предизвикаа свлечишта и поплави, принудувајќи ги властите на евакуации, јавија денес медиумите, пренесува Анадолу.
Камп со 250 туристи беше евакуиран во долината Брембана, во северниот регион Ломбардија, поради поројни поплави во четвртокот, јави јавниот сервис „Раи њуз“.
Во меѓувреме, централниот регион Тоскана беше погоден од 8.000 удари на гром во период од два часа, а околу 6.000 жители се соочија со прекини во снабдувањето со електрична енергија предизвикани од невремето.
Според наводите, портокалово предупредување било издадено во 3 часот по локално време за централниот и источниот дел на Лигурија, а првите проблеми веќе се пријавени поради обилните дождови и поројните врнежи.
Властите привремено го затворија автопатот Аурелија во областа Савона, во близина на мостот над потокот Куљано.
Бреша е уште една северна област погодена од обилните дождови, каде што 81 лице беа евакуирани по свлечиште кое го уништи мостот над потокот Вал Рабија.
Кал и наноси високи два метра се слеале низводно од Малга Бедоле, во долината Џенова, поради силното невреме што го погоди регионот Трентино.