Ahmet Esad Şani
12 Јули 2019•Ажурирај: 15 Јули 2019
ИСТАНБУЛ (АА) - Anadolu Agency (AA) го објави алманахот со фотографии на Меѓународниот натпревар во новинска фотографија „Istanbul Photo Awards“, што го организира од 2015 година.
Со поддршка на Турската агенција за соработка и координација (ТИКА) и Општина Истанбул и официјално спонзорство на „Туркиш ерлајнс“ (THY), објавен е алманахот со наградените фотографии од сите категории на натпреварот.
На насловната страница од алманахот е поставена „Фотографијата на годината“ изработена од фоторепортрот на „Франс-прес“, Палестинецот Ахмед Гарабли, под наслов „Израелско-палестински конфликт“.
Фотографијата е снимена за време на протестите што започнаа по одлуката на САД да ја префрли својата Амбасада во Ерусалим (Кудс), а станува збор за фотографија на која се гледа како Палестинка со мобилен телефон фотографира израелски војник, додека тој се обидува да направи „селфи“.
Во овој алманах за 2019 година се прикажани значајните настани од светската сцена во 2018 година, видени низ објективот на професионалните фотографи. Во периодот од 5 години на натпреварувањето што го организира „Istanbul Photo Awards“, пријавени се околу 100.000 фотографии.
- „Фотографиите имаат приказни кои би се раскажале со илјадници зборови“
Претседателот на жирито на „Istanbul Photo Awards“ 2019, Дебора Копакен, во делот за промоција на алманахот, напиша дека сите победнички фотографии имаат приказни кои би се раскажале со илјадници зборови.
Јури Козјрев, фоторепортер и член на агенцијата „NOOR“, истакна дека фотографијата што ја доби наградата „Фотографија на годината“ е моќен пример како развиената технологија ја прави наративната војна поважна од физичката војна.
Алманахот со наградените фотографии ќе им биде доставен на турските и странските фоторепортери, на фотографските институции, агенции за новински вести и универзитетски библиотеки.
Алманахот со фотографии ќе биде достапен и на официјалната страница на натпреварувањето www.istanbulphotoawards.com.
Како и претходните години, и оваа година наградените фотографии ќе бидат изложени во Турција и во странство на организирани изложби.
Пријавувањето за натпреварувањето, на кое во изминатите 5 години се пријавени околу 100.000 фотографии, започнува на 1 ноември 2019 година и ќе трае до 31 јануари 2020 година. Пријавувањето се изведува на интернет-адресата на натпреварувањето www.istanbulphotoawards.com.