Mustafa Deveci
06 Ноември 2019•Ажурирај: 08 Ноември 2019
ЕРУСАЛИМ (АА) - Израелските војници брутално физички нападнаа и со пушките му се закануваа на Палестинец кој го водеше петгодишниот син во центарот на Хеброн, во окупираниот Западен Брег, јавува Anadolu Agency (AA).
Во екот на критиките и реакциите за неодамна објавената снимка, на која израелски полицаец испукува куршум и погодува палестинско момче кое со подигнати раце се оддалечува од него, објавена е нова снимка која ја покажува суровата бруталност на израелските сили кон Палестинците во окупираниот Западен Брег.
Инцидентот се случил вчера во центарот на Хеброн. На снимката се гледа како двајца израелски војници физички напаѓаат Палестинец, кој го води петгодишниот син за рака.
„Дали и тој фрлаше камења? Тој има само пет години“, Палестинецот ги изговори овие зборови додека се обидуваше да го заштити своето дете, а израелскиот војник гласно му одговори дека сите Палестинци го каменуваат Израел и дека нивната возраст не му е важна.
По нападот од друг војник и откако во него ги вперија пушките, Палестинецот со детето успеа да се оддалечи од местото на инцидентот.
Израелската војска соопшти дека е започната истрага за однесувањето на двајцата војници.
Израелската телевизија „Канал 13“ минатата недела објави снимка на која се гледа како израелски полицаец застрелува Палестинец, кој со подигнати раце се оддалечува од него.
Таа снимка е направена минатата година, а израелските власти соопштија дека полицаецот е суспендиран и дека во тек е истрагата за ицидентот.